1 Цареви 6:36-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

36. Потоа го изгради внатрешното предворје од три реда делкан камен и од еден ред делкани кедрови греди.

37. Основите на Господовиот Храм беа положени во четвртата година, во месецот Зиф;

38. а во единаесеттата година, во месецот Вул - тоа е осмиот месец - Храмот е довршен со сите делови и со сè што му припаѓаше. Го изгради за седум години.

1 Цареви 6