1 Цареви 6:27-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Ги смести херувимите сред внатрешната просторија; ги ширеа своите крила, така што крилото на едниот достигаше до едниот ѕид, а крилото на другиот достигаше до другиот ѕид; во средината на просторијата крилата им се допираа.

28. И херувимите ги обложи со злато.

29. По сите ѕидови на Храмот, внатре и однадвор, врежа ликови на херувими, со палми и со расцветани цветови,

30. со злато го покри и подот на Храмот одвнатре и однадвор.

31. А за влез во Светината над светините направи двокрилна врата од маслиново дрво; довратниците со праг беа на пет агли.

1 Цареви 6