1 Цареви 5:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. а Соломон му даваше на Хирама дваесет илјади кори пченица за храна на домашните, и дваесет илјади кори масло од цедени маслинки. Толку му даваше Соломон на Хирама од година во година.

12. Господ му даде мудрост на Соломона, како што му беше ветил; меѓу Хирам и Соломон владееше мир, та тие склучија сојуз.

13. Тогаш царот Соломон собра бесплатни трудбеници од сиот Израел; неплатени работници беа вкупно триесет илјади луѓе.

14. Ги праќаше наизменично, секој месец по десет илјади луѓе беа еден месец на Ливан, а два месеца дома. Адонирам беше над сите бесплатни работници.

1 Цареви 5