26. Соломон имаше четириесет илјади коњи за влечење и дванаесет илјади за јавање.
27. Тие намесници се грижеа за снабдување на царот Соломон и на сите што имаа дел на царскиот стол, секој по месец дена; и не дозволуваше ништо да подснема.
28. И јачмен и слама за коњите и за влечниот добиток донесуваа на местото каде што се задржуваше, секој како што ќе му паднеше.
29. Господ му даде на Соломона мудрост и исклучителна разумност, и срце широко како песок на морскиот брег.
30. Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите Израелеви синови и од сета мудрост на Египет.