1 Цареви 4:24-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Зашто тој владееше над сè одваму Реката - од Тафсе до Газа, над сите цареви отаде Реката (Еуфрат) и имаше мир на сите граници наоколу.

25. Јуда и сиот Израел живееја без страв, секој под својата лоза и под својата смоква, од Дан до Вирсавеа, во текот на сиот Соломонов век.

26. Соломон имаше четириесет илјади коњи за влечење и дванаесет илјади за јавање.

27. Тие намесници се грижеа за снабдување на царот Соломон и на сите што имаа дел на царскиот стол, секој по месец дена; и не дозволуваше ништо да подснема.

1 Цареви 4