14. Ахинадав, синот Идов, во Маханаим;
15. Ахимас во Нефталим; и тој се ожени со една Соломонова ќерка - со Васемата.
16. Ванес, синот Хусаев, во Асир и на висорамнините;
17. Јосафат, синот Фаруин, во Исахар;
18. Симеј, синот Илин, во Венијамин;
19. Гевер, синот Уриев во земјата Галад, земјата на Сион, аморејскиот цар, и на Ог, васанскиот цар. Освен тоа беше уште еден намесник во земјата.
20. Јуда и Израел беа многубројни, беа како песок на морскиот брег. Јадеа и пиеја и беа среќни.
21. Соломон ја прошири својата власт над сите царства од Реката сè до Филистејската Земја и до египетската меѓа. Тие го донесуваа својот данок и му служеа на Соломона во сите денови на неговиот живот.
22. Секој ден му требаше на Соломона за храна: триесет кори чисто брашно и шеесет кори обично брашно,
23. десет згоени волови, дваесет волови од пасиште, стотина овци, освен елени, срни, диви кози и згоена живина.