1 Цареви 22:39-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. Другите Ахавови дела, сè што направил, за куќата од слонова коска, за сите градови што ги изгради, зар сè тоа не е во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?

40. Ахав почина со своите татковци, и неговиот син Охозиј зацари место него.

41. Јосафат, синот Асин, стана цар на Јудеја во четвртата година на царувањето на Ахав, израелскиот цар.

1 Цареви 22