1 Цареви 22:34-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

34. Еден без размислување го оптегна лакот и го погоди со стрелата израелскиот цар меѓу набраницата на појасот и оклопот. Царот му рече на возачот: „Заврти, извади ме од бојот, зашто не ми е добро.”

35. Во оној ден бојот беше сè пожесток, ама царот се држеше исправено во бојната кола спрема Арамејците. А навечер умре. Крвта од раната се излеа по колата.

36. При зајдисонце екна глас низ логорот: „Секој во својот град и секој во својата земја!

37. Царот загина!” Отидоа во Самарија и го закопаа царот во Самарија.

1 Цареви 22