1 Цареви 20:23-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Слугите го советуваа арамејскиот цар: „Нивните богови се богови на горите, и затоа беа појаки од нас.

24. И така, да направиме вака: мавни ги овие цареви, и постави ги војводите на нивното место.

25. Потоа собери си голема војска колку што беше онаа што ја изгуби, толку коњи и толку коли. Тогаш ќе се биеме со нив во рамница, и бездруго ќе надвладееме.” Тој ги послуша и направи така.

26. Кога помина годината Вен-Адад ги крена Арамејците и тргна против Афек, за да војува со Израел.

1 Цареви 20