14. Тој одговори: „Ревнував мошне многу за Господа над Војските, зашто Израелевите синови го напуштија Твојот Завет, ги разурнаа Твоите жртвеници и со меч ги погубија Твоите пророци. Останав сам, а тие бараат и мене да ми го одземат животот.”
15. Господ му рече: „Оди, врати се по истиот пат во Дамаската Пустина. Кога ќе дојдеш, помажи го таму Азаил за цар на Сирија.
16. Помажи го Јуј, синот Нимсиев, за цар над Израел, а Елисеј, синот Сафатов, од Авел Меол, помажи го за пророк место себе си.
17. Кој ќе избега од Азаиловиот меч, него ќе го погуби Јуј; а кој ќе избега од Јујиниот меч, него ќе го погуби Елисеј.