1 Цареви 18:43-46 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

43. Потоа му рече на својот момок: „Оди горе и погледај кон морето.” Тој отиде горе, погледна и рече: „Тука нема ништо!” Илија одговори: „Врати се седум пати.”

44. Но на седмиот пат момокот рече: „Ене облак, мал како човечка дланка, се дига од морето.” Тогаш Илија рече: „Оди, кажи му на Ахава: ‘Впрегнувај и слегувај за да не те фати дождот.’”

45. Одеднаш небото се смрачи од облаци и виор, и падна силен дожд. Ахав се качи во колата и отиде во Езраел.

46. Господовата рака беше над Илија, та тој, откако се препаша, отрча пред Ахава сè до во близината на Езраел.

1 Цареви 18