1 Цареви 16:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш му беше испратено Господовото слово на Јуј, синот Ананиев, против Васа:

2. ”Те подигнав од правот и те поставив кнез над Мојот народ Израел, ама ти тргна по Јеровоамовиот пат и го наведуваш на грев Мојот народ Израел, та Ме разјаруваш со нивните гревови;

3. затоа ќе ги изметам без трага Васа и неговата куќа: ќе направам со твојата куќа како и со куќата на Јеровоам, синот Наватов.

4. Кој од Васината куќа ќе умре во градот, ќе го изедат кучиња, а кој ќе им умре во полето, ќе го изедат небеските птици.”

5. Другите дела на Васа, сè што направил, неговите подвизи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?

1 Цареви 16