1 Цареви 15:26-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Правеше зло во очите на Господа. Одеше по патот на својот татко и го поддржуваше неговиот грев на кој го наведуваше Израел.

27. Васа, синот Ахиин, од Исахаровиот дом, се побуни против него и го уби во Гиветон, кој им припаѓаше на Филистејците, и што Надав и сиот Израел го опсадија.

28. Васа го уби во третата година на Асиното царување со Јудеја, и завладеа место него.

29. Кога стана цар, ја погуби сета Јеровоамова куќа и не поштеди никого од Јеровоамовите додека не ги истреби сите според словото што Господ го кажа преку својот слуга Ахиј од Сило.

30. Заради гревовите што ги направи и на кои го наведуваше Израел, и за оскрбувањето со кое го разгневил Господа, Израелевиот Бог.

31. Другата Надавова повест, и сè што направил, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?

32. Меѓу Аса и Израелевиот цар Васа владеше војна во сите нивни денови.

33. Во третата година на Асиното царување со Јудеја, Васа, синот Ахиин, стана цар над сиот Израел во Терса, и владееше дваесет и четири години.

34. Правеше зло во Господовите очи, и одеше по патот на Јеровоам и на неговите гревови со кои ги заведуваше Израелците.

1 Цареви 15