1 Цареви 15:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Царуваше четириесет и една година во Ерусалим; неговата баба се викаше Мака, а беше Авесаломова ќерка.

11. Аса правеше што е право во очите на Гопода, како и неговиот прататко Давид.

12. Ги протера од земјата „посветените блудници” и ги отстрани сите кипови што ги беа направиле неговите татковци,

13. самиот ја отстрани својата баба Мака да не биде царица, зашто и беше направила гад на Ашера. Аса го исече нејзиниот гад и го спали во потокот Кедрон.

14. Ама високите места не беа уништени; сепак Асиното срце Му беше приврзано на Господа за време на сиот негов живот.

1 Цареви 15