1 Цареви 15:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во осумнаесеттата година на Јеровоамовото царување, синот Наватов, се зацари Авијам во Јудеја.

2. Три години царуваше во Ерусалим; неговата мајка се викаше Мака, а беше Авесаломова ќерка.

3. Тој одеше во сите гревови што неговиот татко ги правеше пред него, и неговото срце не му беше потполно верно на Господа, својот Бог, како срцето на неговиот прататко Давид.

4. Сепак, заради Давида, Господ, неговиот Бог, му даде светилник во Ерусалим, подигнувајќи ги неговите синови по него и запазувајќи го Ерусалим.

1 Цареви 15