1 Цареви 14:25-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Во петтата година на Ровоамовото царување египетскиот цар Сисак нападна на Ерусалим.

26. Го ограби сето богатство од Господовиот Дом и од ризницата на царскиот дворец; зеде сè; ги зеде и сите златни штитови што ги имаше направено Соломон.

27. Место нив царот Ровоам направи бронзени штитови и им ги довери на заповедниците на стражата што ја чуваа вратата на царскиот двор.

28. Кога царот одеше во Господовиот Дом, стражарите ги земаа, а после ги враќаа во стражарницата на телохранителите.

29. Другата Ровоамова повест, сè што направил, зар не е запишана во книжниот свиток Летописи на царевите на Јудеја?

30. За сето време имаше војна меѓу Ровоам и Јеровоам.

31. Ровоам почина со своите татковци, и беше погребан со своите татковци во Давидовиот Град. Мајка му се викаше Нама, а беше Амонка. На негово место се зацари неговиот син Авијам.

1 Цареви 14