1 Цареви 14:24-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Имаше и посветени блудници (содомци) во земјата. Ги поддржуваше сите грозотии на народите што Господ ги протера пред Израелевите синови.

25. Во петтата година на Ровоамовото царување египетскиот цар Сисак нападна на Ерусалим.

26. Го ограби сето богатство од Господовиот Дом и од ризницата на царскиот дворец; зеде сè; ги зеде и сите златни штитови што ги имаше направено Соломон.

1 Цареви 14