1 Цареви 11:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Тогаш Господ му подигна противник на Соломона: Идумеецот Адад, од царската куќа на Едомците,

15. и кога Јоав, војсководачот, отиде да ги погребе убиените и остави да ги погубат сите машки во Идумеја -

16. Јоав и сиот Израел останаа таму шест месеци додека не ги истребија сите машки во Идумеја -

17. Адад избега во Египет со Идумејците, кои беа во служба на неговиот татко. Тогаш Адад беше мало дете.

18. Отидоа од Мадијам и стигнаа во Фаран. Ги поведоа со себе луѓето од Фаран и отидоа во Египет пред фараонот, царот на Египет, кој му даде куќа, му одреди храна и му додели земја.

1 Цареви 11