1 Цареви 10:27-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Соломон направи да има во Ерусалим сребро како камења, а кедри како диви смокви што растат во Сефела.

28. Соломон внесуваше коњи од Мусрија и од Кое: царевите набавувачи ги донесуваа од Кое за одредена цена.

29. Колите ги довезуваа од Египет по шест стотини сребрени шекели; а коњот се плаќаше по сто и педесет. Така преку набавувачите, хетитските и арамејските цареви го добиваа сè тоа.

1 Цареви 10