1 Цареви 10:26-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Покрај тоа Соломон собра бојни коли и коњаници; имаше илјада и четири стотини бојни коли и дванаесет илјади коњи, и ги распореди по градовите на бојните коли и кај царот во Ерусалим.

27. Соломон направи да има во Ерусалим сребро како камења, а кедри како диви смокви што растат во Сефела.

28. Соломон внесуваше коњи од Мусрија и од Кое: царевите набавувачи ги донесуваа од Кое за одредена цена.

29. Колите ги довезуваа од Египет по шест стотини сребрени шекели; а коњот се плаќаше по сто и педесет. Така преку набавувачите, хетитските и арамејските цареви го добиваа сè тоа.

1 Цареви 10