51. Му јавија на Соломона: „Ете, Адониј се исплаши од царот Соломон, и ене се држи за роговите на жртвеникот, велејќи: ‘Царот Соломон нека ми се заколне денес дека нема да го погуби со меч својот слуга.’”
52. На тоа Соломон рече: „Ако се покаже чесен човек, нема да му падне ни влакно од главата на земја; а ако се најде во него зло, ќе загине.”
53. Тогаш Соломон нареди да го отстранат од жртвеникот; тој дојде и му се поклони на Соломона, кој му рече: „Оди си во својот дом!”