1 Цареви 1:50-53 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

50. Адониј пак, во страв од Соломона, стана и отиде, та се фати за роговите на жртвеникот.

51. Му јавија на Соломона: „Ете, Адониј се исплаши од царот Соломон, и ене се држи за роговите на жртвеникот, велејќи: ‘Царот Соломон нека ми се заколне денес дека нема да го погуби со меч својот слуга.’”

52. На тоа Соломон рече: „Ако се покаже чесен човек, нема да му падне ни влакно од главата на земја; а ако се најде во него зло, ќе загине.”

53. Тогаш Соломон нареди да го отстранат од жртвеникот; тој дојде и му се поклони на Соломона, кој му рече: „Оди си во својот дом!”

1 Цареви 1