1 Тимотеј 6:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Побожноста и е голема печалба кога е здружена со чувство на задоволство.

7. Зашто ништо не донесовме на овој свет, ниту можеме да однесеме нешто.

8. А кога имаме храна и облека, да бидеме задоволни со тоа!

9. А оние кои сакаат да се богатат, паѓаат во искушение, во стапица и во многу неразумни и штетни желби, што ги туркаат луѓето во пропаст и погибел,

10. зашто среброљубието е корен на секакви зла; некои му се предадоа, се отстранија од верата и се прободија себеси со многу болки.

1 Тимотеј 6