1 Тимотеј 6:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. да ја пазиш заповедта чиста и непорочна до јавувањето на нашиот Господ Исус Христос,

15. кое - во свое време, ќе Го открие блажениот и единствениот Владетел, Цар над царевите и Господар над господарите;

16. Кој единствено има бесмртност, живеејќи во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел ниту може да Го види. Нему чест и вечна сила. Амин!

17. Заповедај им на богатите на овој свет да не бидат горделиви и да не се надеваат на непостојаното богатство, туку во живиот Бог, Кој ни дава изобилно сè за наслада,

18. да прават добро, да бидат богати во добри дела, да бидат дарежливи и заедничари;

1 Тимотеј 6