1 Тимотеј 4:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А Духот јасно вели дека во подоцнежните времиња некои ќе отстапат од верата и ќе слушаат измамливи духови и ѓаволски учења,

2. преку лицемерството на лажливците, кои се жигосани во својата совест,

3. кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината.

4. Зашто секое Божјо создание е добро, и ништо не треба да биде отфрлено, ако се прима со благодарност,

5. зашто се осветува преку Божјото слово и молитвата.

1 Тимотеј 4