1 Тимотеј 3:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. кои ја пазат тајната на верата со чиста совест.

10. И тие прво да бидат испитани, и после да ја вршат службата ако се непорочни.

11. Исто така жените нивни треба да бидат чесни, да не клеветат; трезвени и верни во сè.

12. Ѓаконите да бидат мажи на една жена, кои управуваат добро со своите деца и со своите домови,

13. зашто оние, кои ја извршиле добро својата служба добиваат чесна положба и голема смелост во верата во Христа Исуса.

14. Ова ти го пишувам надевајќи се дека скоро ќе дојдам при тебе;

15. но во случај да се подзабавам, да знаеш како да се однесуваш во Божјиот Дом, кој е црква на живиот Бог, столб и потпора на вистината.

1 Тимотеј 3