1 Тимотеј 3:7-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. А треба да има и добро сведоштво и од надворешните, за да не падне во прекорување и во стапица на ѓаволот.

8. Исто така, ѓаконите треба да бидат чесни, не двојазични, да не сакаат многу вино, не лакоми на срамна печалба -

9. кои ја пазат тајната на верата со чиста совест.

10. И тие прво да бидат испитани, и после да ја вршат службата ако се непорочни.

11. Исто така жените нивни треба да бидат чесни, да не клеветат; трезвени и верни во сè.

12. Ѓаконите да бидат мажи на една жена, кои управуваат добро со своите деца и со своите домови,

13. зашто оние, кои ја извршиле добро својата служба добиваат чесна положба и голема смелост во верата во Христа Исуса.

1 Тимотеј 3