5. зашто ако не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјата црква? -
6. Да не е новообратен, за да не се возгордее и да падне во осудата на ѓаволот!
7. А треба да има и добро сведоштво и од надворешните, за да не падне во прекорување и во стапица на ѓаволот.
8. Исто така, ѓаконите треба да бидат чесни, не двојазични, да не сакаат многу вино, не лакоми на срамна печалба -
9. кои ја пазат тајната на верата со чиста совест.
10. И тие прво да бидат испитани, и после да ја вршат службата ако се непорочни.