1 Тимотеј 3:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Верно е словото: кој ревнува за епископство, добра служба посакува.

2. Според тоа, епископот треба да биде: непорочен, маж на една жена, трезвен, разумен, пристоен, гостољубив, способен за поучување;

3. не пијаница, не жесток, не лаком, туку благороден, не наклонет на препирка, не среброљубец,

4. кој управува добро со својот дом и има покорни деца со сета честитост,

5. зашто ако не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјата црква? -

6. Да не е новообратен, за да не се возгордее и да падне во осудата на ѓаволот!

7. А треба да има и добро сведоштво и од надворешните, за да не падне во прекорување и во стапица на ѓаволот.

8. Исто така, ѓаконите треба да бидат чесни, не двојазични, да не сакаат многу вино, не лакоми на срамна печалба -

1 Тимотеј 3