1 Тимотеј 1:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. На Царот на вековите - бесмртниот, невидливиот, единствениот Бог - чест и слава во сите векови Амин!

18. Оваа заповед ти ја предавам, чедо Тимотеј, согласно поранешните пророштва за тебе: за да војуваш добра војна,

19. имајќи вера и добра совест, кои некои ја отфрлија и претрпеа бродолом на верата.

20. Меѓу нив се Именеј и Александар, кои ги предадов на сатаната, за да научат да не хулат.

1 Тимотеј 1