1 Солунците 3:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Бидејќи не можевме веќе да го трпиме тоа, најдовме за добро да останеме сами во Атина,

2. а Тимотеј, нашиот брат и Божјиот соработник во Евангелието на Христа, го испративме, за да ве зацврсти и охрабри во вашата вера,

3. за да не се поколеба никој во овие маки; зашто сами знаете дека за тоа сме определени,

4. зашто кога бевме при вас, однапред ви зборувавме дека ќе трпиме маки, и како што знаете така и беше.

5. Затоа јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да научам за вашата вера, да не би ве искушал искушувачот и да не биде напразен нашиот труд.

6. А сега, откако ни дојде Тимотеј од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека имате секогаш добар спомен за нас и дека копнеете да нè видите, како и ние вас,

1 Солунците 3