1 Самоилова 9:7-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. А Саул му рече на својот слуга: „Ако навистина отидеме онаму што ќе му однесеме на човекот? Снема леб во нашите торби, немаме подарок да му однесеме на Божјиот човек. Што имаме да му дадеме?”

8. А слугата проговори пак и му рече на Саула: „Ете, имам во раката четвртинка сребрен сикал: ќе му го дадам на Божјиот човек, за да нè упати каде да одиме.”

9. (Некогаш во Израел кога би оделе да Го прашаат Бога за совет, се велеше: „Ајде, да појдеме кај видовитиот!” Зашто кого денес го нарекуваат пророк, некогаш беше викан видовит.)

1 Самоилова 9