1 Самоилова 9:25-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Потоа оттаму слегоа во градот. Таму му послаа на Саула на покривот.

26. И тој легна на почивка. Штом се зазори, Самоил го повика Саула, велејќи: „Стани, за да те отпуштам!” Кога Саул стана, двајцата излегоа, тој и Самоил.

27. Кога дојдоа на крајот на градот, Самоил му рече на Саула: „Речи му на момокот нека тргне напред пред нас! А ти застани, сега, за да ти го јавам Божјото слово.”

1 Самоилова 9