1 Самоилова 8:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Самоил остаре, ги постави своите синови за судии во Израел.

2. Неговиот првороденец се викаше Јоил, а вториот син Авија; тие беа судии во Вирсавеа.

3. Ама синовите не одеа по татковите стапки: гледаа на својата печалба, примаа поткуп и ја извртуваа правдата.

4. Тогаш се собраа сите израелски старешини и дојдоа кај Самоила, во Рама.

5. И му рекоа: „Ете ти остаре, а твоите синови не одат по твоите стапки. И така, постави ни цар да владее над нас, како што е тоа кај сите народи.”

6. Ама на Самоила не му беше мило дека рекоа: „Дај ни цар да владее над нас!” Затоа Самоил Му се помоли на Господа.

7. А Господ му рече на Самоила: „Послушај го гласот на народот во сè што бараат од тебе, зашто не те отфрлија тебе, туку Ме отфрлија Мене, не сакајќи Јас да царувам над нив.

1 Самоилова 8