1 Самоилова 4:6-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Филистејците го чуја тоа грмливо воскликнување и прашаа: „Што значи тоа грмливо воскликнување во логорот на Евреите?” И сфатија дека Господовиот Ковчег стигна во нивниот логор.

7. Тогаш Филистејците ги обзеде страв, зашто зборуваа: „Бог дојде во логорот!” И извикаа: „Тешко нам! Така не беше досега.

8. Тешко нам! Кој ќе нè избави од рацете на Тој силен Бог? Тоа е Оној, Кој го удрил Египет со секакви неволји во пустината.

9. Охрабрете се и бидете јунаци, Филистејци, за да не им станете робови на Евреите, како што тие ви беа робови вам; бидете јунаци и борете се!”

10. Тогаш Филистејците заметнаа битка, Израелците беа поразени и избегаа секој во својот шатор. Поразот беше силен, зашто загинаа триесет илјади пешаци од Израелците.

11. И Божјиот Ковчег беше одземен, и двата Илиеви сина загинаа, Офниј и Финес.

1 Самоилова 4