1 Самоилова 30:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Давид му рече на свештеникот Авијатар, Ахимелеховиот син: „Донеси ми го ваму наплеќникот (Ефодот)!” И Авијатар му го донесе на Давида наплеќникот.

8. Тогаш Давид го праша Господа за совет, велејќи: „Дали да тргнам во потера по оние разбојници и дали ќе ги стигнам?” А Тој му одговори: „Оди во потера, зашто навистина ќе ги стигнеш и ќе ги избавиш плениците.”

9. И Давид тргна со шест стотини луѓе, кои беа со него, и дојдоа до потокот Восор.

10. Оттука Давид со четири стотини луѓе ја продолжи потерата, а останаа две стотини луѓе, кои беа толку уморни што не можеа да поминат преку потокот Восор.

1 Самоилова 30