1 Самоилова 2:33-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Сепак ќе задржам некого од твоите кај Својот олтар, само за да му слабеат очите и за да му венее неговата душа, но сето потомство на твојот дом ќе умира на средна возраст.

34. Знак ќе биде она што ќе ги снајде твоите два сина, Офниј и Финес: двајцата ќе загинат во ист ден.

35. Јас ќе си издигнам за Себе си верен свештеник, кој ќе работи според Моето срце и според Мојата душа, и во него ќе создадам траен дом, и тој секогаш ќе оди пред Мојот Помазаник.

1 Самоилова 2