1 Самоилова 2:32-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Ти ќе гледаш со кривогледо око на сите добра со кои ќе го опсипам Израел, и никогаш веќе не ќе има старец во твојот дом.

33. Сепак ќе задржам некого од твоите кај Својот олтар, само за да му слабеат очите и за да му венее неговата душа, но сето потомство на твојот дом ќе умира на средна возраст.

34. Знак ќе биде она што ќе ги снајде твоите два сина, Офниј и Финес: двајцата ќе загинат во ист ден.

1 Самоилова 2