1 Самоилова 18:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. И од тој ден Саул го гледаше Давида со омраза.

10. Утреден зол Божји дух го нападна Саула, така што беснееше по куќата. Давид удираше со раката по лирата како во другите денови, а Саул имаше копје во раката.

11. И Саул го фрли копјето велејќи во себе: „Сега ќе го заковам Давида за ѕидот!” Но Давид му избега двапати.

12. Саул почна да се бои од Давида, зашто Господ беше со него, а отстапи од Саула.

13. Затоа Саул го отстрани од својата близина и го постави за илјадник; тој излегуваше и се враќаше на чело на народот.

1 Самоилова 18