1 Самоилова 17:39-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. Му го припаша на Давида својот меч преку облеката, но Давид напразно се обиде да оди, зашто не беше свикнал, па му рече на Саула: „Не можам да одам во тоа, зашто не сум свикнал.” Затоа сè соблече од себе.

40. Давид го зеде својот стап во раката, избра во потокот пет мазни камчиња и ги стави во својата пастирска торба, што му служеше како торба за праќка, та со праќката во раката тргна кон Филистеецот.

41. А Филистеецот сè поблиску му се доближуваше на Давида, додека неговиот штитоносец чекореше пред него.

1 Самоилова 17