1 Самоилова 17:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Давид беше најмлад. А трите најстари беа отишле по Саула.

15. Давид одеше кај Саула и се враќаше од неговата служба, за да ги пасе стадата на својот татко во Витлеем.

16. А Филистеецот излегуваше секое утро и вечер и се покажуваше така четириесет дни.

17. А Јесеј му рече на својот син Давид: „Земи ги за своите браќа оваа ефа пржено жито и овие десет лебови и однеси ги побрзо кај своите браќа во логорот.

18. А оние десет пити сирење, однеси ги на нивниот илјадник. Распрашај се за здравјето на своите браќа и донеси од нив знак дека си го извршил налогот!

1 Самоилова 17