1 Самоилова 11:13-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Ама Саул одговори: „Нека никој не биде погубен во овој ден, зашто денес Господ извојува победа во Израел.”

14. Тогаш Самоил му рече на народот: „Ајде во Галгал, таму да го потврдиме царството.”

15. И сиот народ тргна во Галгал, и таму го поставија Саула за цар пред Господа, во Галгал. Таму жртвуваа пред Господа помирителни жртви, и таму Саул, со сите Израелци, прославуваше прослава.

1 Самоилова 11