1 Петар 3:7-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Така и вие, мажите, живејте благоразумно со жените како со послаб сад, искажувајќи им почитување како на сонаследнички на благодатта на животот, за да бидат вашите молитви без пречка.

8. Најпосле, бидете сите сложни во мислењето, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, понизни;

9. не враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив, благословувајте, зашто сте повикани за тоа, за да наследите благослов.

10. Зашто „кој сака да го љуби животот и да види добри денови, нека го воздржи својот јазик од зло и своите усни од измамливо зборување;

1 Петар 3