1 Петар 1:19-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. туку со скапоцената крв на Христа, како невино и чисто Јагне,

20. Кој беше предназначен, пред создавањето на светот, а се јави на крајот на времето заради вас;

21. кои преку Него поверувавте во Бога, Кој Го воскресна од мртвите и Му даде слава, така што вашата вера и вашата надеж да бидат во Бога.

22. Откако преку Духот ги очистивте вашите души во послушност кон вистината, за нелицемерно братољубие; љубете се истрајно еден друг од чисто срце,

23. зашто сте новородени не од распадливо семе, туку од нераспадливото живо и вечно Божјо слово.

24. Зашто „секое тело е како трева, и сета нејзина слава како цвет од трева: тревата се осушува и цветот и опаѓа,

1 Петар 1