1 Петар 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Петар, апостол на Исуса Христа, до избраните придојденици, растурени по Понт, Галатија, Кападокија, Азија и Витинија,

2. според провидението на Бог Таткото, во осветувањето на Духот, за послушност и попрскување со крвта на Исуса Христа: благодатта и мирот да ви се умножи.

3. Благословен да е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој по Својата голема милост, преку воскресението на Исуса Христа од мртвите, нè роди одново за жива надеж,

4. за непоминливо наследство, и неизвалкано, и кое не вене, запазено во небесата за вас,

1 Петар 1