1 Летописи 9:33-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Тие беа и пејачи, главатари на левитските семејства. Кога беа слободни живееја во храмските соби, зашто беа на должност дење и ноќе.

34. Тоа беа главатари на левитските семејства според своето сродство. Тие главатари живееја во Ерусалим.

35. Во Гаваон живееја: Гаваоновиот татко Ехил, на чија жена името и беше Мака.

36. Син првенец му беше Авдон, па Сур, Ис, Вал, Нир, Надав,

37. Гедор, Ахиј, Захариј и Миклот.

38. На Миклота му се роди Симеам. И тие живееја во Ерусалим, со своите браќа.

1 Летописи 9