32. Некои од Каатовците, од нивните браќа, беа одговорни за лебовите што се поставуваа секоја сабота.
33. Тие беа и пејачи, главатари на левитските семејства. Кога беа слободни живееја во храмските соби, зашто беа на должност дење и ноќе.
34. Тоа беа главатари на левитските семејства според своето сродство. Тие главатари живееја во Ерусалим.
35. Во Гаваон живееја: Гаваоновиот татко Ехил, на чија жена името и беше Мака.
36. Син првенец му беше Авдон, па Сур, Ис, Вал, Нир, Надав,
37. Гедор, Ахиј, Захариј и Миклот.
38. На Миклота му се роди Симеам. И тие живееја во Ерусалим, со своите браќа.
39. На Нира му се роди Кис; а на Кис му се роди Саул; на Саула му се роди Јонатан, Малхи-Суј, Авинадав и Есвал.