1 Летописи 9:24-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Вратарите стоеја на четири страни: на исток, на запад, на север и на југ.

25. Нивните браќа од по селата доаѓаа одвреме навреме за да им се придружат по седум денови.

26. Само четири вратарски настојници беа постојано во служба. Беа левити, поставени над собите и над ризниците на Божјиот Дом.

27. Ноќеваа околу Божјиот Дом, зашто должноста им беше да стражарат и да отклучуваат секое утро.

28. Некои од нив беа одговорни за богослужбените посатки. Ги пребројуваа кога ги внесуваа и кога ги изнесуваа.

29. Некои од нив се грижеа за покуќнината, за сите посветени работи, за чистото брашно, за виното, за маслото, за темјанот и за мирисите;

30. а некои од свештеничките синови правеа маст од тие мириси.

31. Мататиј, еден од левитите, првенец на Салум Кореецот, се грижеше за работите што се печеа во сад за пржење.

1 Летописи 9