20. Елеазаровиот син Финес некогаш беше настојник над нив (Господ беше со него!).
21. Меселемииниот син Захариј беше вратар при вратата на Шаторот на средбата.
22. Сите одбрани вратари на праговите беа двеста и дванаесет. Беа запишани во родословниците на своите села. На служба ги поставија Давид и гледачот Самоил заради нивната верност.
23. Тие и нивните синови чуваа стража при вратите на Господовиот Дом, Домот на Шаторот.
24. Вратарите стоеја на четири страни: на исток, на запад, на север и на југ.
25. Нивните браќа од по селата доаѓаа одвреме навреме за да им се придружат по седум денови.
26. Само четири вратарски настојници беа постојано во служба. Беа левити, поставени над собите и над ризниците на Божјиот Дом.
27. Ноќеваа околу Божјиот Дом, зашто должноста им беше да стражарат и да отклучуваат секое утро.
28. Некои од нив беа одговорни за богослужбените посатки. Ги пребројуваа кога ги внесуваа и кога ги изнесуваа.
29. Некои од нив се грижеа за покуќнината, за сите посветени работи, за чистото брашно, за виното, за маслото, за темјанот и за мирисите;
30. а некои од свештеничките синови правеа маст од тие мириси.