16. Овадиј, син на Семај, син на Галал, син Едутунов, и Варахиј, синот на Аса, Елканиниот син, кој живееше во Нетофатските Села.
17. Вратари: Салум, Акув, Талмон и Ахиман, и нивните браќа; Салум беше главатар;
18. и досега беше при царската врата кон исток. Тие беа вратари по четири на левитите.
19. Салум, синот Кореев, син на Евијасаф, син на Кореј, со своите браќа Кореевците од нивните семејства, беа одговорни за богослужбата; тие ги чуваа праговите на Шаторот, додека нивните татковци го чуваа влезот во Господовиот Стан.
20. Елеазаровиот син Финес некогаш беше настојник над нив (Господ беше со него!).
21. Меселемииниот син Захариј беше вратар при вратата на Шаторот на средбата.
22. Сите одбрани вратари на праговите беа двеста и дванаесет. Беа запишани во родословниците на своите села. На служба ги поставија Давид и гледачот Самоил заради нивната верност.
23. Тие и нивните синови чуваа стража при вратите на Господовиот Дом, Домот на Шаторот.
24. Вратарите стоеја на четири страни: на исток, на запад, на север и на југ.
25. Нивните браќа од по селата доаѓаа одвреме навреме за да им се придружат по седум денови.
26. Само четири вратарски настојници беа постојано во служба. Беа левити, поставени над собите и над ризниците на Божјиот Дом.
27. Ноќеваа околу Божјиот Дом, зашто должноста им беше да стражарат и да отклучуваат секое утро.
28. Некои од нив беа одговорни за богослужбените посатки. Ги пребројуваа кога ги внесуваа и кога ги изнесуваа.